Често поставувани прашања (ЧПП)

Често поставувани прашања (ЧПП)

Најчестo поставувани прашања

ДАЛИ ВИ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ?

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ НА ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ 070 333 122 ИЛИ ПАК НА hello@lusido.mk

Како да нарачам ?
Процесот на нарачување е едноставен. Можете да си го нарачате посакуваниот производ во неколку едноставни чекори. Регистрирајте се на нашата страница и пополнете ги сите потребни полиња со вашите лични податоци, адреса на достава, и телефонски број за курирот да може да Ве контактира. Одберете го посакуваниот производ, селектирајте ја бојата, големината и количината, а потоа кликнете врз копчето “Додади во кошничка” и продолжете со разгледување. Кога ќе завршите со разгледување кликнете врз нацртаната кошничка горе во десниот агол. Тука можете да го одберете начинот на креирање на нарачка, да нарачате без да сте регистрирани, да се најавите или регистрирате, го одбирате и начинот на плаќање, а можете да внесете и забелешка.
На кој начин може да се платат нарачаните производи?

Може на два начина:

– Во готово (се плаќа во готово при превземање на производот) и

– Со кредитна или дебитна картичка.

Дали имате продажен салон во Македонија?

Моментално имаме само во Тетово. Се наогаме на Ул. Илинденска Бр: 82, Тетово, Македонија, (До Основен Суд. )

За подетални информации можете да се јавите на +389 70 333 122.

Дали вршите испорака?

Да, Испораката се врши од 1 до 5 работни дена до вашата адреса.

Дали се наплаќа за достава?

Доставата чини 150 денари, но не се наплаќа доколку нарачката ви е над 3.000 денари.

Како да знам дека производот е процесиран и на пат?

Откако LUSIDO.mk ќе ја предаде пратката на доставувачот, ќе ја процесира вашата нарачка и ќе добиете потврда на маил дека нарачката е процесирана и на пат.

Доколку имате дополнителни прашања во однос на доставата и рокот, не двоумете се да ја контактирате.

Како можам да го заменам производот кој го купив (производот е оштетен/нефункционален)?

За условите за замена потребно е да ја контактирате LUSIDO.mk во рок од 7 дена по привземање на производот. Замената се врши само во случај кога производот е нефункционален, оштетен или доколку e испратен грешен производ. Производот може да биде заменет со нов само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување.

Потребно е да пишете е-mail на naracka@lusido.mk со следниве податоци (или да контактирате телефонски): 070 333 122

  • Име и презиме на примач на пратка за замена
  • Адреса
  • Телефонски број
  • Производ кој барате да ви биде заменет (причина за замена)
  • Број на адресница

Замената се врши при достава на новиот производ.

Не сум задоволен од добиениот производ, како да го вратам?

Производот потребно е да се врати во LUSIDO.mk во рок од 7 дена по купувањето.

Трошокот за поврат е на сметка на купувачот.

Производот може да биде вратен само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување.

По враќањето на производот може да добиете поврат на средствата.

Select your currency
Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Description
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
  • Add to cart
Click outside to hide the comparison bar
Compare